Нова победа на Орбан

Унгарија доби изземање од новиот пакет санкции против Русија

За време на состанокот на амбасадорите во ЕУ Унгарија успеа да добие одредени изземања од предложената горна граница за цената на руската нафта, соопшти министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

EPA-EFE

„Во Брисел тукушто заврши состанокот на постојаните претставници во Европската Унија и на дневниот ред беа санкциите. Напорно преговаравме и обезбедивме горната граница на цената на нафтата да не се применува на испораките од нафтоводи (како што ја купуваме нафтата која е витална за нашата енергетска безбедност), а во случај на итни потреби и на нафта испорачана по море“, напиша унгарскиот министер на својата фејсбук страница.

ЕУ се сложи во рамки на осмиот пакет на санкции против Русија да воведе ограничување на цените на нафтата, но конечните детали на одлуката, смислена така за да влијае врз приходите на Москва од продажба на енергенси, би требало да бидат објавени денес, објави Политико повикувајќи се на дипломатски извори.

Освен тоа, новиот пакет мерки предвидува ограничувања за руската индустрија на челик и им забранува на граѓаните на ЕУ да бидат на високи позиции во руските државни претпријатија.

Новиот пакет санкции против Москва, осми по ред, го предложи минатата недела претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен откако рускиот претседател Владимир Путин порача дека може да употреби нуклеарно оружје и нареди да се мобилизираат стотици илјади резервисти.

Малта, Грција и Кипар, чии танкери превезуваат голем дел од руската нафта, беа загрижени поради воведувањето на горна граница на цената на руската нафта поради работењето на своите комерцијални флоти, пто влијаеше да се усвојат отстапки и за тие земји.

Покрај тоа, Унгарија се противи и на плановите за целосна забрана на руската нафта со тоа што со недели го успоруваше процесот на одлучување за новите мерки, сè додека не обезбеди да биде изземена поради „сопствените потреби на снабдување“, пренесува Политико.

Путин претходно предупреди дека ќе ги прекине испораките на нафта и нафтени деривати на државите кои ќе одлучат да се придружат на оваа иницијатива.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе