Членови на криминална организација

Унгарија: Четири лица се осудени на 25 години затвор поради загушување на мигранти во ладилник

Судот во Унгарија осуди четири лица на 25 години затвор заради нивната улога во случајот со задушување на 71 мигрант во камион- ладилник на автопатот во Австрија во 2015 година.

Еден Авганистанец и тројца Бугари се прогласени за виновни во јужниот град Кечкемету за учество во криминална организација која извршила повеќе криминални дела, вклучувајќи трговија со луѓе и убиства.

Судот за истиот случај осудил уште 10 лица на затворски казни во траење од три до 12 години. Тројца осудени мажи се во бегство.

Жртвите, меѓу кои имало четири деца, осум жени и 59 мажи, се пронајдени во август 2015 година, во камион-ладилник со унгарски регистарски таблички, кој бил напуштен на автопатот во Австрија, недалеку од границата со Унгарија.

Меѓу жртвите имало мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан. Тие се задушиле додека камионот бил сеуште на територија на Унгарија.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе