Унгарија: Четири лица осудени на доживотен затвор поради смртта на 71 мигрант

Унгарскиот суд правосилно ги осуди на доживотен затвор четворица криумчари на луѓе, одговорни за смртта на 71 мигрант.

Телата на мигрантите се пронајдени во камион оставен на автопат во Австрија во август 2015 година.

Судијата Ерик Мезолаки изјави дека тројцата криумчари нема да имаат можност за помилување, додека четвртиот ќе отслужи минимум 30 години затворска казна, објави Ројтерс.

Осудени се Авганистанец, кој ја предводел групата, и тројца Бугари.

Тие се прогласени за виновни за организирано криумчарење на луѓе и убиство без предумисла, бидејќи не го запреле камионот и не ја отвориле вратата за да влезе воздух наспроти молбите на мигрантите.

Како што претходно за време на судењето изјави судијата, мигрантите удирале во вратата и викале, обидувајќи се да го привлечат вниманието на возачот.

Тогаш се загушиле 59 мажи, 8 жени и 4 деца од Сирија, Ирак и Авганистан. Случајот ја шокираше Европа која се бореше со големиот прилив на мигранти.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе