Образовните работници протестираат против одлуката на Орбан

Унгарците не сакаат да ги учат учениците на фашизам

Синдикатот на унгарските просветни работници протестира поради наставната програма за која тврди дека ја дизајнирала владејачката партија Фидес за да ја промовира својата националистичка агенда и да ги задуши академските слободи.

Премиерот Виктор Орбан, лидерот на Фидес, е често мета на критики од Европската Унија и групите за заштита на човековите права поради низата политики за кои тврдат дека ѝ штетат на демократијата и владеењето на правото во Унгарија. Во областа на образованието, Орбан ги ограничи слободите на Унгарската академија на науки и го примора Централнот европски универзитет да ја напушти земјата.

Министерството за човечки ресурси ја најави националната програма, детално претставувајќи го потребниот материјал за основните и средните училишта.

Демократскиот сојуз на просветни работоници (ПДСЗ) повика на протести против измените, наведувајќи дека „образовната рамка е заснована врз идеологија наместо врз професионалните приниципи“.

Професорите по историја и книжевност објавија одвоени соопштенија во кои истакнуваат дека новиот план за работа ги фаворизира националистичките автори и агенди. За пример, според новата програма меѓу десетте најважни унгарски пистаели е Ференц Херцог, кој, пренесува Ројтерс, бил поддржувач на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини. Во програмата не се спомнува единствениот унгарски добитник на Нобеловата награда за книжевност, Имре Кертес, кој наградата ја доби во 2002 година за дела за искуствата за време на холокаустот.

„Оваа наставна програма предвидува постојано прокламирање на морални, идеолошки ставови“, напиша Георди Фенјо, заменик директор на здружението на професори по книжевност. „Не остава простор за слобода на мислата туку ни диктира што да мислиме. Единствено може да послужи како наставен план за диктатура“, истакна тој.

Министерот за човекови ресурси кажа дека во Унгарија било потребно да се обнови училишната програма. „Идните генерации можат да го почнат животот потпирајќи се на наставната програма која е заснована врз европски, унгарски вредности“, кажа Миклош Кеслер. „Изменетата програма содржи информации за хармоничниот семеен живот.

Просветните работници на социјалните мрежи протестираат против новата наставна програма користејќи го слоганот „Нема да ги учам учениците на фашизам“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе