УНЕСКО: Оштетени се 53 историски и верски места, светското наследство е во опасност поради руската инвазија

Десетици цркви, историски локалитети и музеи се оштетени од војната во Украина, соопшти во петокот агенцијата за култура на ОН, додавајќи дека е особено загрижена за северниот град Чернихов.

Волонтери ги покриваат спомениците на принцезата Олга, апостол Андреј и св. Кирил и Методиј со вреќи песок за да ги заштитат, Киев, 28 март. Фото: ЕПА

Светското наследство е во опасност поради војната во Украина, соопшти агенцијата на ОН за култура. УНЕСКО објави дека 53 историски и верски локалитети во Украина биле оштетени за време на руската инвазија.

УНЕСКО минатиот месец соопшти дека се зајакнати заштитните мерки за загрозеното културно наследство на Украина во контекст на руската инвазија, како што е употребата на амблемот „Син штит“ за означување на нејзините културни места и споменици.

„Многу сме загрижени за ситуацијата и на хуманитарно и на културно ниво на наследството. Наследството на човештвото е во опасност (во Украина)“, рече на прес-конференција Ернесто Отоне, помошник-генерален директор за култура на УНЕСКО.

На првата прелиминарна листа на УНЕСКО на целосно или делумно оштетени места имаше 29 верски објекти, 16 историски градби, четири музеи и четири споменици, се вели во извештајот.

Шефицата на УНЕСКО Одри Азуле му пиша на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во почетокот на март за да го потсети дека Русија е потписничка на Конвенцијата за заштита на културното наследство во време на војна, соопшти агенцијата.

Откако првично рече дека Москва не одговорила, УНЕСКО подоцна соопшти дека добила одговор, во кој Русија рекла дека е свесна за своите обврски и дека им е „посветена“.

На разговорите оваа недела, Москва, која своите дејства во Украина ги нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација на земјата, рече дека ќе ги намали офанзивите во близина на Киев, главниот град и блискиот град Чернихов за да се изгради доверба.

Киев и неговите сојузници велат дека Русија ги повлекува војниците од тие области, не како гест на добра волја, туку за да се прегрупираат, бидејќи претрпеле големи загуби.

Легенда под Главна слика

Волонтери ги покриваат спомениците на принцезата Олга, апостол Андреј и св. Кирил и Методиј со вреќи песок за да ги заштитат, Киев, 28 март. Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе