Умре волонтер во тестирањето на вакцината на Оксфорд: „Умрениот не ја примил вакцината“

Бразилските здравствени власти објавија дека умрел доброволец на клиничкото истражување на вакцината за ковид-19 на Астра Зенека и универзитетот Оксфорд.

EPA-EFE

Властите додадоа дека тестирањето и покрај тоа ќе продолжи. Деталите за починатиот не се објавени, повикувајќи се на доверливоста на податоците за учесниците.

Универзитетот во Сао Паоло, кој учествува во фазата 3 на тестирањето на вакцината во Бразил, одвоено соопшти дека умрениот е Бразилец, но не и каде живеел. Како што јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, починатиот учесник на тестирањето не ја примил вакцината, туку се наоѓал во контролната група.

Оксфорд потврди дека независно тело потврдило дека инцидентот не е нуспојава на вакцината и дека тестирањето продолжува.

„По внимателна анализа на овој случај во Бразил нема причина за загриженост за безбедноста на клиничкото тестирање и независно тело како и бразилските власти советуваа тестирањето да продолжи“, изјави портпарол на универзитетот.

Бразилската влада планира да ја купи британската вакцина и да ја произведува во биомедицинскиот центар Фио Круз во Рио де Жанеиро, а вакцината од соперничката кинеска компанија Синовак веќе се тестира во институтот Бутантан во Сао Паоло.

Бразил е зад САД втор според бројот на жртвите на коронавирусот со над 154.000 умрени и со над 5,2 милиони заразени е трет, зад САД и Индија, по бројот на инфицираните.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе