Умре српскиот патријарх Иринеј, беше заразен со коронавирусот

Српскиот патријарх Иринеј (90) умре утринава во Белград од компликации со коронавирусот, јавуваат српските медиуми.

EPA-EFE

Иринеј поради заразата со вирусот беше во болница од 5 ноември, а синоќа состојбата нагло му се влошила.

Со коронавирусот се бореше 15 дена, а во болница бил под постојан надзор на лекарите.

Српскиот патријарх во болница заврши четири дена по погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије кој го предводеше. 83-годишниот митрополит на СПЦ почина на 30 октомври од последици од ковид-19.

Неговиот погреб се претвори во епидемиолошки високоризичен настан. Луѓето масовно се туркаа во желба да го бакнат или допрат телото на мртовецот кој неколку дена претходно беше позитивен на корона.

За смртта на патријархот Иринеј на Инстаграм се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Чест ми беше што Ве познавав. Таквите како Вас никогаш не заминуваат...“, напиша Вучиќ.

Патријархот Иринеј би требало да биде погребен во центарот на Белград, во криптата на храмот Свети Сава, со што би станал првиот поглавар на СПЦ погребен таму.

Оваа одлука може да се смени само ако Иринеј во тестаментот оставил посебна желба за место на погребување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе