Умре последниот советски маршал, еден од лидерите на пучот против Горбачов

Последниот советски маршал и поранешен министер за одбрана Дмитриј Јазов, кој учествуваше во пучот против лидерот на СССР Михаил Горбачов во 1991 година, умре вчера на 95 години, јавија руските медиуми.

За неговата смрт извести руското министерство за одбрана наведувајќи дека умрел по долга и тешка болест.

Јазов, кој беше министер за одбрана на Советскиот Сојуз од 1987 до 1991, учествуваше во обидот за државен удар против Горбачов во август 1991, една година откако му беше доделен чинот маршал.

Пучистите тогаш уверуваа дека Горбачов не е во состојба да ја врши својата должност поради здравствени причини. Тие прогласија вонредна состојба на шест месеци, повторно воведоа цензура и довезоа тенкови во Москва.

Пучот не успеа, неговите лидери беа уапсени три дена подоцна, но тие настани ја запечатија судбината на Советскиот Сојуз кој се распадна во декември 1991.

Јазов беше пуштен од затвор во 1993 и беше помилуван за својата улога во неуспешниот преврат во 1994.

По смртта на Јазов жив останува само уште еден лидер на пучот, Олег Бакланов, член на централниот комитет на Комунистичката партија.

Минатата година Јазов во Вилнус беше осуден во отсуство на 10 години затвор за воени злосторства за време на бунтот во Литванија против советската власт во 1991. Тогаш животите ги загубија 14 луѓе, а над 700 беа ранети.

Како министер за одбрана беше и во центарот на крвавата репресија во Азербејџан во јануари 1990 во која животите ги загубија повеќе од 100 цивили.

Меѓутоа, во Русија беше ценет. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го одликува на 4 февруари за заслуги кон татковината.

Тој доби одликувања и од претседателот Владимир Путин, кој му ги додели Орденот на честа во 2004 и Орденот на Александар Невски во 2014.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе