Истребен уште еден животински вид

Умре последниот мажјак на северниот бел носорог во светот (ВИДЕО)

Последниот мажјак од северниот бел носорог во светот, Судан, умре по 45 години живот, објави на социјалните мрежи резерватот во кој живееше.

Во последно време Судан имаше многу здравствени проблеми предизвикани од староста, а се лекуваше и од многу инфекции. Состојбата во последните денови значително му се влоши, па ветеринарскиот тим донесе одлука за еутаназија.

Судан живееше во Кенија, во резерватот Ол Пејета консерванси, каде 24 часа на ден вооружени стражари го чуваа од ловокрадци, а беше опремен и со радио-локатори за да можат да го најдат во случај да се изгуби од вид.

„Беше нежен џин. Карактерот му беше прекрасен, но повеќето луѓе се плашеа од него поради големината. Но во него немаше ништо зло“, изјави претставник на резерватот.

Во светот останаа само уште две женки од северниот бел носорог, а научниците успеаја да извлечат генетски материјал од Судан во надеж дека со помош на него ќе успеат да оплодат една од двете преостанати женки.

Во 1960 година во светот имаше околу 2.000 единки од овој вид, но веќе во 1984 таа бројка се намали на само 15.

„Можеме да се надеваме дека светот нешто ќе научи од тажното губење на Судан и ќе преземе сѐ за да се стави крај на трговијата со роговите на овие животни. Иако цената на роговите опаѓа во Кина и Виетнам, ловокрадците сѐ уште се закана за сите видови носорози“, вели Питер Најтс, директор на организацијата Вајлеидс.

Во 2011 година умре последниот западноафрикански црн носорог во светот, исто така поради ловокрадци.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе