Умре полскиот градоначалник што беше прободен во срце на хуманитарен собир (ВИДЕО)

Градоначалникот на полскиот пристаништен град Гдањск Павел Адамович, кој беше нападнат со нож синоќа на хуманитарен собир, им подлегнал по повредите, јавува Би-би-си.

На Адамович веднаш по нападот во кој со нож беше прободен во срцето му беше направена операција.

Напаѓачот, идентификуван само како Стефан В., кој се качил на бината на хуманитарен настан за собирање пари за медицинска опрема, го обвинил градоначалникот за тоа што бил затворен и „мачен“ од полицијата.

Полскиот министер за внатрешни работи Јоаким Бруѕински на Твитер го нарече напаѓачот „познат престапник што бил обвинуван за оружени грабежи“, негирајќи дека има каков било политички мотив зад нападот.

27-годишниот Стефан В, кој е обвинет за убиство, имал новинарска легитимација, со која успеал да стигне до бината, соопшти полицијата.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе