Ултиматум за ерменскиот премиер (ВИДЕО)

Ерменската опозиција ја заврши денешната протестна прошетка во Ереван пред резиденцијата на премиерот Никол Пашинјан.

EPA-EFE

Припадниците на опозицијата на Пашинјан му поставија ултиматум да поднесе оставка во 8 декември, пренесува ТАСС.

„Бараме Пашинјан да поднесе оставка до 8 декември на пладне, а ако не се одзве на ова барање, ќе почнеме со организирање протести низ целата земја“, соопшти Ишхан Сагателијан, претставник на партијата Дапнакцутјун.

Денешниот протест одржан во центарот на Ереван почна со минута молчење со кој присутните им оддадоа почит на војниците настрадани во конфликтот во Нагорно Карабах, областа во соседен Азербејџан со мнозинско ерменско население, околу која двете земји се веќе речиси три децении во судир.

Директорот на службата за национална безбедност и лидер на опозициската партија Татковина Артур Венецјан наведе дека 17 опозициски партии предложиле должноста шеф на владата да ја преземе поранешниот премиер Вазген Манукјан.

Протестите на опозицијата во Ереван почнаа откако на 9 ноември беше усвоен договорот за целосен прекин на огнот во Нагорно Карабах, кој го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и Пашинјан.

Договорот предвидуваше страните да ги задржат актуелните позиции, како и распоредување на руски мировни трупи во регионот, а опозицијата во Ерменија го толкува како неоснована одлука за капитулација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе