„Прогласил независност или не?“

Ултиматум од Мадрид: Пучдемон има осум дена да се изјасни

Шпанската влада му даде на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон осум дена да се изјасни дали прогласил независност или не, јави шпанската новинска агенција Ефе.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно денеска ја отфрли можноста за преговори со каталонските власти за решавање на кризата и повика на почитување на шпанскиот закон, наведувајќи дека „не е можно посредување меѓу демократските закони и непослушноста и нелегалните активности“.

Ако Пучдемон потврди дека во вчерашниот говор во парламентот прогласил независност, ќе му бидат дадени три дена за да ја „исправи таквата одлука“. Ројтерс вели дека ако не се случи тоа, ќе биде активиран членот 155 од Уставот.

Рахој претходно денеска рече дека Мадрид од каталонската влада бара да „потврди дали прогласила независност“ и дека „намерно се предизвикува конфузија“.

„Одговорот што ќе го даде Карлес Пучдемон ќе влијае на идните настани. Во негови раце е да се врати на патот на законитоста“, рече Рахој.

Шпанскиот премиер истакна дека каталонските лидери ја искористиле својата уставна позиција и почнале „многу опасен напад врз институциите и, уште полошо, врз општествениот консензус“.

„Она со што се соочуваме овие денови има никаква врска со политичките несогласувања со кои секојдневно се соочуваат во демократските и цивилизирани општества. Овде се доведува во прашање основата врз која се базира демократското општество“.

Рахој претходно, во телевизиски говор, го повика каталонскиот лидер Карлес Пучдемон да разјасни дали прогласил независност или не пред владата да може да спроведе каква било мерка според членот 155 од Уставот на Шпанија.

Агенциите оценуваат дека со ова Рахој извршил дополнителен притисок врз каталонската влада да го повлече барањето за независност и го направил првиот чекор кон активирање на членот 155, кој предвидува дека на некоја регионална влада, во случај да се загрозени интересите на шпанската држава, може да ѝ се одземат сите овластувања и да ѝ се префрлат на централната влада во Мадрид.

Членот 155 од Уставот на Шпанија ја овластува Владата да ги примени сите мерки потребни за зачувување на интегритетот на државата.

Овој член е најекстремната мерка што може да ја примени шпанската влада ако некој автономен регион прогласи независност. Во политичките кругови овој член се нарекува и „нуклеарна опција“, а поранешниот министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија го нарече „атомска бомба“.

Оваа мерка во Шпанија никогаш досега не била воведена.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе