Ги помина сите црвени линии

Ултиматум до Орбан: Извинување или Фидес ќе „лета“

Владејачката партија на Унгарија Фидес може да биде исфрлена од Европската народна партија (ЕПП).

Фидес ќе биде исфрлена ако нејзиниот лидер и премиер на Унгарија не се извини поради критикувањето на Европската унија, изјави лидерот на парламентарната група на ЕНП Манфред Вебер.

Меѓу другото, од Орбан е побарано веднаш да прекине со кампањата против Брисел, пренесе Ројтерс.

„Виктор Орбан и Фидес повторно ги поминаа сите ‘црвени линии’“. Сите опции се на маса, а особено исфрлање и продолжување на нашата иднина без Фидес“, изјави Вебер, кој исто така е кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија.

Вебер, член на германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија, изјави дека на Орбан и на неговата партија Фидес им дава уште една шанса, но додаде дека бара разјаснување и дека Орбан мора да исполни одредени услови меѓу кои да ја прекине кампањата против ЕУ, пишува германски Билд.

Според него, Орбан, исто така, треба да им се извини и на другите партии во ЕПП.

Европската народна партија е најголемата транснационална европска политичка партија, најголема партија во Европскиот парламент и ги обединува демохристијанските и конзервативните партии од Европската унија.

Вкупно 12 партии членки на Европската народна партија официјално побараа исклучување или суспензија на популистичкиот унгарски премиер и неговата партија Фидес од европската партија. По ова прашање ќе се одлучува на состанокот на 20 март.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги нарече „корисни идиоти“ оние кои бараат исфрлање на неговата партија Фидес од Европската народна партија во Европскиот парламент, и, како што наведува, тие им служат на интересите на противниците на левиот центар.

Орбан со години е идентификуван со неговата антиимигрантска реторика. Во последниве недели, многумина од ЕПП ги налути со кампањата на владини реклами, со кои ги обвинува водачите на Европската унија за промовирање на масовна миграција.

Во нив се прикажани претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, негов колега од ЕПП и унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Орбан го обвини Брисел дека ја поддржува миграцијата, на која Унгарија генерално се спротивставува.

Претседателот на ЕПП Жозеф Дол рече дека добил доволно писма во кои се бара исфрлање на унгарската владејачка партија Фидес од блокот за тоа прашање да биде ставено на дневен ред, објави германскиот весник Велт.

„Постои граница, а Виктор Орбан ја премина црвената линија“, наведе Дол.

Претставувањето на мислењето на народот во Брисел е поважно од партиска дисциплина, беше соопштено од владејачката унгарска партија Фидес по повод критики од Европската народна партија (ЕПП).

„Ова е големо семејство на партии. Секоја има своја позиција, како и Фидес. Сметаме дека е важно да се зачуваат европско-христијанските вредности, да се одржи безбедноста и да им се обезбеди на нашите заедници. Тоа е позиција за која ни дадоа овластување унгарските гласачи“, изјави портпаролот на Фидес, Јанош Халас.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе