Улични борби во центарот на Атина. Законот за демонстрации предизвика протести во Грција (ВИДЕО)

Додека пратениците во грчкиот парламент во четвртокот вечера, по рутинска постапка, го усвојуваа новиот сет закони, меѓу другото и за начинот на организирање демонстрации, во непосредна близина, на плоштадот Синтагма, почнаа протестите на левичарскиот синдикат Паме. Во околните улици се собраа групи анархисти.

EPA-EFE

На почетокот мирните протесту, поради наводното кршење на правото на собирање на граѓаните, по веќе вообичаеното сценарио, на самиот крај се претворија во улични битки со солзавец и димни бомби кои ги употреби полицијата како одговор на фрлањето Молотови коктели од страна на група насилни демонстранти.

Маскирани групи, прекриени со качулки, ги нападнаа припадниците на полицијата во строгиот центар на Атина, во ексклузивната улица Вукурештиу. Резултатот на едночасовната „улична битка“ е шестмина повредени полицајци и деветмина уапсени демонстранти.

Причинета е мала материјална штета, но медиумите најголемо внимание му посветуваат на припадникот на специјалните полициски сили кој застана во одбрана на демонстрантите. Дополнително беше откриено дека е активен член на опозициската Сириза.

Инаку, законот кој воспоставува построги критериуми за организирање јавни собири, без оглед ан уличните протести, е усвоен. Сите уапсени се пуштени на слобода, а во петокот почна и поправањето на оштетените фасади.

Освен во Атина протести беа одржани и во 40 други грчки градови и во нив учествуваа околу 10.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе