Украинските сили го гранатираат Доњецк, вели градоначалникот

Четири детски градинки, еден станбен блок, училиште, компанија и рудник се оштетени од артилериски оган при денешното украинско гранатирање на Доњецк, изјави денеска градоначалникот Алексеј Кулемзин во интервју за ТВ каналот „Русија-24“.

Фото: ЕПА

„Се гранатираат станбени квартови, детски градинки, училишта, индустриски погони и рудникот Засјадко“, рече Кулемзин и кажа дека пазарот во центарот на градот сè уште гори, пренесува ТАСС.

Тој потврди дека состојбата во градот е тешка, но и дека сите служби се ангажирани за санирање на штетите.

Вооружените сили на Украина од утрово го гранатираат Доњецк на секои 10 до 15 минути со артилерија, минофрлачи и повеќецевни ракетни системи, пренесоа агенциите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе