Украинските бунтовници признале дека имаат ракетен систем БУК

Лидерот на украинските бунтовници Александар Ходаковски потврдил за Ројтерс дека проруските сепаратисти имаат ракетен систем БУК, со кој најверојатно бил погоден урнатиот авион на Малезија ерлајнс.

Ходаковски, командантот на батаљонот Восток, во интервјуто за Ројтерс првпат откако беше урнат авионот во источна Украина признал дека бунтовниците поседуваат ракетен противавионски систем БУК. Тој додал и дека оружјето можеби потекнува од Русија, како и дека постои можност по соборувањето на авионот тој да бил вратен во Русија за да се отстранат доказите за неговото присуство.

Пред соборувањето на малезискиот патнички авион, сепаратистите се фалеле дека имаат ракетен систем БУК. Меѓутоа, по несреќата, самопрогласената Народна Република Доњецк во неколку наврати негираше дека некогаш имала таков тип на оружје.

Сепак, Ходаковски смета дека Киев е виновен за целиот инцидент.

„Тие знаеја дека БУК-от е тука и дека ќе биде позициониран во таа област. Украина доби навремени докази дека бунтовниците ја имаат оваа технологија и дека им ја дале Русите. Тие го испровоцираа користењето на оружјето против цивилниот авион“, кажал Ходаковски.


Тој за Ројтерс кажал и дека на кобниот ден украински воени авиони летале по коридорите по кои летале цивилните авиони.

„Дури и ако тоа бил нашиот БУК, дури и ако бил употребен, Украина направи сѐ за да обезбеди дека цивилен авион ќе биде погоден“, тврди Ходаковски.

Од падот на авионот се води жестока дебата околу тоа кој ја испукал ракетата што го соборила во областа во која украинските сили се борат против бунтовниците. Вашингтон верува дека проруските сили најверојатно по грешка го погодиле малезискиот авион, не знаејќи дека станува збор за цивилен авион.

Останатите лидери на бунтовниците тврдат дека нивните сили не го собориле патничкиот авион, а Русија ги отфрли обвиненијата за вмешаност.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе