Украинскиот претседател тврди дека Трамп не се обидел да го уценува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не се обидел да го уценува за време на телефонскиот повик во јули или на состанокот во септември.

Зеленски тврди дека, во моментот на телефонскиот повик со Трамп, не знаел дека американската воена помош за Украина е блокирана.

Откако министерот за одбрана го информирал за тоа, тој отворил дискусија на ова прашање на средбата со американскиот потпретседател Мајк Пенс во септември во Полска.

Претставничкиот дом на Конгресот започна истрага за импичмент на Трамп, која има за цел да утврди дали Трамп ја условувал одобрената помош на Украина за да го притисне Зеленски да го испита поранешниот потпретседател Џо Бајден, еден од фаворитите на  претседателска номинација на Демократската партија за претседателските избори во 2020 година и неговиот син Хантер.

Трамп го обвини Бајден дека учествувал во несоодветни договори со Украина.

Хантер, синот на Бајден, бил во управниот одбор на украинската енергетска компанија Бурисма.

Зеленски на новинарите им рече дека целта на повикот со Трамп била да се организира состанок меѓу двајцата претседатели и дека ја повикал Белата куќа да ја промени својата реторика кон Украина.

„Немаше уцена. Тоа не беше тема на нашиот разговор“, рече Зеленски.

Зеленски вели дека не му биле поставени никакви услови па ни да ги испита активностите на Хантер во Бурисма.

Белата куќа објави скратене верзија од телефонскиот разговор меѓу украинскиот претседател и Трамп во септември.

„Јас дури и не проверив, но мислам дека целосно се совпаѓа“, одговори Зеленски на прашањето на новинарите дали американската и украинската верзија на повикот се совпаѓаат.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе