Украинскиот претседател побара истрага за шверц на вакцини против коронавирусот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди „што поскора проверка“ на наводите на еден претприемач дека државните службеници биле тајно вакцинирани против ковид-19 со нелегално увезени вакцини.

Фото: ЕПА

„Им наредив на безбедносните служби (…) веднаш да ги проверат информациите за наводен шверц на вакцини против коронавирусот во земјава“, рече тој, додека Украина сè уште нема добиено ниедна доза по официјален пат, пренесува Ројтерс.

„Ако некому навистина му текнало тајно да ја увезува вакцината и да ја продава спротивно на законот, одговорот мора да биде најостриот можен“, додаде тој.

Украинскиот претприемач Михајло Бродски во средата тврдеше дека некои пратеници, а можеби и премиерот Денис Шмигал, неодамна ја примиле вакцината на Фајзер-Бионтек на приватна клиника во главниот град Киев.

Според него, вакцините биле нелегално увезени во Украина со чартер-лет од Израел на крајот на декември, за што платиле по 2.500 евра секој, за две дози.

Премиерот Шмигал најави дека ќе биде вакциниран дури по пристигнувањето на одобрената вакцина и откако ќе ја примат најранливите групи.

Украина, меѓу најсиромашните европски земји, на крајот на декември објави дека ќе купи скоро два милиони дози од кинеската вакцина Коронавак, но не наведе кога ќе биде тоа.

Владата беше критикувана поради тоа што не набавила вакцина од западно производство, како што се тие на Фајзер-Бионтек и на Модерна, кои се сметаат за посигурни.

Киев исто така се надева дека напролет ќе добие осум милиони дози вакцини, благодарение на механизмот КОВАКС на Светската здравствена организација (СЗО) за помош на најсиромашните земји.

Украина, која има лош здравствен систем, во средата пријави околу 1,09 милиони инфекции со коронавирусот и 19.357 смртни случаи, на околу 40 милиони луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе