Украинскиот претседател одржа 12-часовна пресконференција и го урна светскиот рекорд (ВИДЕО)

Володимир Зеленски, поранешниот популарен глумец кој во април беше избран за украински претседател, оствари денес рекорд одржувајќи конференција за медиумите која траеше повеќе од 12 часа, најдолга во историјата, соопшти Украинската државна агенција за рекорди.

Речиси осум часа по почетокот на прес-конференцијата одржана во познат ресторан во центарот на Киев, претставникот на агенцијата стана и го прогласи рекордот, кој сѐ уште не е потврден од меѓународна организација.

Зеленски регираше изненадено кажувајќи дека е „скромен“ и дека не сака прослави.

Претходниот рекорд го држеше белорускиот претседател Александар Лукашенко чија прес-конференција траеше повеќе од седум часа, пренесуваат украинските медиуми.

Повеќе стотици украински и странски новинари се менуваа на масата со Зеленски во Фуд маркер, ресторан кој служи бугреи и пица.

Украинскиот претседател зборуваше за повеќе теми како конфликтот на истокот на Украина, врските со Русија и телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, поради чие изнесување во јавноста демократите водат постапка за отповикување во долниот дом на американскиот Конгрес.

Зеленски на медиумите им откри дека пред маратонската конференција за медиумите добил инјекции за јакнење на гласните жици.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе