Украинскиот претседател ја отфрли оставката на премиерот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оставката поднесена од премиерот Олексиј Гончарук и рече дека сака да му даде втора шанса за таа функција.

„Решив да ви дадам втора шанса на вас и на вашата влада“, рече Зеленски на средбата со премиерот Гончарук, покажува видеоснимката објавена од претседателството.

Гончарук поднесе писмо за оставка откако беше обелоденето аудио како го критикува претседателот Зеленски во првата политичка криза на младиот претседател.

Според социјалните мрежи и медиуми, Гончарук знаењето на претседателот за економијата го опишал како примитивно. Зеленски до изборите за претседател во април беше актер.

Претседателот не ги спомена тие изјави, но го замоли премиерот да ја подобри соработката со парламентот и да ги рационализира платите на високите владини функционери.

Исплатите на високи бонуси на службени лица последниве месеци предизвикаа скандал во земјата.

„Такви плати не можат да бидат исплатени во Украина во сегашната состојба на нашата економија“, рече Зеленски.

Украина е една од најсиромашните земји во Европа.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе