Украинскиот парламент изгласа забрана за музика од руски уметници

Парламентот на Украина забрани увоз и дистрибуција на книги и други издавачки производи од Русија и од териториите кои се привремено окупирани од Русија и Белорусија.

Фото: ЕПА

Врховната рада на Украина гласаше за забрана на музиката на руските изведувачи на јавни места во земјата. Ова го соопшти пратеникот Јарослав Железњак, а пренесува руска Новаја газета.

Според него предлог законот го поддржале 303 лица. Според текстот на документот, на музичките изведувачи од Русија ќе им биде забрането да настапуваат јавно во Украина, а ќе биде забрането и објавувањето на нивните песни и музички спотови.

Исклучок ќе бидат, како што пишува Новаја Газета, изведувачите кои повеќе не се државјани на Руската Федерација. Покрај тоа, Службата за безбедност на Украина СБУ ќе води „бел список“ на музичари кои ја осудија руската воена агресија врз Украина, таа листа ќе биде јавна и ажурирана.

Железњак рече дека Собранието забрани увоз и дистрибуција на книги и други издавачки производи од Русија, од териториите кои беа привремено окупирани од Русија и Белорусија. За него гласале 306 луѓе.

Предлог законот за забрана на руската музика беше инициран во мај од 10 украински пратеници од различни фракции. Тие исто така предложија зголемување на песните на државниот јазик во радио емитувањето на 40 проценти , како и зголемување на дневниот обем на ТВ програми на државниот јазик на 75 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе