Украински политичар: Треба да се фрлат нуклеарни бомби на Москва и Будимпешта

Пратеникот од партијата Европска солидарност на поранешниот украински претседател Петро Порошенко Тарас Билан апелираше до претседателот на Украина Володимир Зеленски да детонира нуклеарни бомби, и тоа во Будимпешта, Москва и Санкт Петербург за да „се заштити од напад од Унгарија и Русија“, пренесуваат руските медиуми.

EPA-EFE

Украинскиот политичар на тој начин реагираше на плановите на властите во Украина да извршат административно-територијална реформа по која во Закарпатската област би можел да се појави „унгарски“ регион со центар во Берегов.

„Денес Унгарија, а утре такви отстапки ќе бара и Романија. А што се однесува до Русија – таа отворено зборува за оружен напад со цел окупирање на Одескиот, Херсонскиот и Николаевскиот регион“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.

Киев ја обвинува Русија за поддржување на бунтовниците на југоистокот на Украна, додека Москва ги отфрла тие обвинувања.

Украинскиот пратеник предложи акциски план кој, според него, треба да се реализира за да се спречи „упад“ во земјата. Билан смета дека Зеленски треба да му наложи на операторот на сите активни нуклеарни централи во земјата, Енергоатом, што побрзо „да направи 100-150 нуклеарни и таканаречени „валкани“ бомби со цел зауздување на надворешниот агресор“.

„Треба да се инсталираат боеви глави со нуклеарно полнење на ракетите РК-360МЦ „нептун“ со внесување на координати на териториите на Унгарија и Русија. Треба да се направат 50 до 100 групи за извидување и саботажа кои ќе ги сочинуваат доброволци од „првиот бран на мобилизацијата“. Да им се предадат направените „валкани“ бомби со наредба да ги постават пред воени објекти во Будимпешта, Санкт Петербург и Москва“, напиша украинскиот политичар.

Односите меѓу Киев и Москва нагло се влошија во 2014 година по руската анексија на Крим и почетокот на оружениот конфликт во Донбас. Украина редовно ја обвинува Русија дека е вмешана во конфликтот на југоистокот на својата територија, а Москва ги негира сите обвинувања на Киев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе