Уништена биста

Украински десничари го срушија споменикот на Жуков во Харков (ФОТО+ВИДЕО)

Украинските десничари денес ја уништија големата биста на советскиот командант Георги Жуков во градот Харков.

Уништувањето на споменикот на Жуков се случи за време на демонстрациите на голем број екстремно десничарски и националистички групи против новата политичка партија, предводени од градоначалниците на Харков и Одеса.

Тие беа членови на партијата на поранешниот проруски претседател на Украина Виктор Јанукович, кој беше соборен во почетокот на 2014 година за време на масовни протести.

Демонстрантите тврдеа дека бистата не е во согласност со украинскиот закон со кој се забранува истакнување комунистички симболи.

Стотиците насобрани десничари бурно го поздравија уривањето на бистата.

Жуков беше командант на силите на советската Црвена армија што го зазедоа Берлин на крајот од Втората светска војна.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе