ОДЕКНУВААТ ЕКСПЛОЗИИ И АРТИЛЕРИСКИ ОГАН

Украинската војска стигна до Доњецк, гранатира со фосфорна муниција (ВИДЕО)

Украинските воени сили стигнаа до предградието на Доњецк, едно од главните упоришта на проруските сепаратисти, рекол портпаролот на војската Андриј Лисенко.

Лисенко навел дека украинската војска е пред местото Хорливка, северно од милионскиот град Доњецк.

„Кога ќе ја освојат Хорливка, на силите во антитерористичката операција им се отвора директен пат до главниот град на регионот Донбас, градот Доњецк“, рекол Лисенко за новинарите.

Новинарот на агенцијата Асошиејтед прес видел дека бунтовниците го блокирале автопатот северно од Доњецк, од каде што се слушаат експлозии и артилериски оган.

 

Властите на Доњецк: Украинската војска користи фосфорна муниција

Претставници на самопрогласената Доњецка Народна Република соопштиле дека украинската војска ги гранатирала Славјанск, Семјоновка, Лисичанск и Краматорск со фосфорна муниција, која е забранета според Женевската конвенција.

Претставник на рускиот генералштаб вчера изјави дека украинските трупи најмалку 6 пати користеле фосфорна муниција за време на гранатирањето на југоистокот на земјата.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе