Украинската војска објави дека опколила илјадници руски војници во Лиман

Украинската војска објави дека „опколила" неколку илјади руски војници во Лиман, важен железнички центар во источна Украина, кој е под контрола на руската војска.

Фото: ЕПА

„Руските сили се опколени во Лиман“, изјави Сергиј Черевати, портпаролот на украинската војска на исток, за украинската телевизија.

Според него, околу 5.000 до 5.500 Руси се наоѓаат во и околу Лиман во последните неколку дена, но дека нивниот број е намален во последните борби.

Според украинскиот гувернер на соседната Луганска област, Сергеј Гајдаи, руските војници кои се во Лиман имаат три опции, да избегаат, да загинат сите заедно или да се предадат.

Черевати рече дека украинските војници повторно зазеле пет села во околината на Лиман и со тоа го зголемиле притисокот врз руските војници кои сега се заробени таму.

Ова беше соопштено еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека четири украински региони ќе бидат припоени кон Русија.

Во последните неколку недели, украинската војска постигна значителен територијален напредок во регионот Харков, североисточно од Доњецк каде што се наоѓа Лиман. Таа се обидува да навлезе и во регионот на Доњецк.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе