Украинската војска: Го извршивме досега најдлабокиот напад на окупираната територија

Украинската војска, се чини, дека го изврши најдлабокиот напад досега на територијата под руска окупација.

Илустрација: ЕПА

„Утринава пристигнаа добри вести, силна детонација во регионот Хеническ“, изјави денеска Серхи Клан, советник на началникот на воената администрација на регионот Херсон, а пренесува Си-ен-ен.

Хеническ се наоѓа во јужниот дел на регионот Херсон, во близина на Крим и е оддалечен околу 200 километри од најблиската украинска линија на фронтот. Клан сугерираше дека целта била на железничката линија меѓу Хеническ и Мелитопол.

„Сè уште чекаме официјална потврда од нашите вооружени сили, но ова се многу добри вести. Детонацијата се слушаше 1,5 до 2 часа на железничката станица што ги поврзува Крим и Мелитопол“, соопшти Клан.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе