Украинците тврдат дека Русите ги уништиле вратените бродови: „Ги земале дури и штекерите“ (ВИДЕО)

Командант на украинската морнарица тврди дека украинските бродови кои Русија минатата година ги заплени, а неделава се согласи да ѝ ги врати на Украина, се во многу лоша состојба.

Русија ги заплени трите украински брода во Керченскиот тенсец во ноември минатата година, откако пукаа во бродовите и ранија неколку морнари.

Москва тврдеше дека двата украински оклопни брода и еден реморкер влегле во руските територијални води, што Киев го негира.

Западот го поддржа украинскиот став дека бродовите не смеат да бидат запленети.

Украина само низ Керченскиот теснец може да влезе во Азовското Море, во кое се сместени украинските пристаништа и поголемите градови, поради што Киев смета дека Керченскиот теснец не смее да биде затворен

Командантот на украинската воена морнарица вицеадмиралот Ихор Воронченко кажа за украинските медиуми дека бродовите сѐ уште не влегле во украинските територијални води затоа што се спори.

„Не можат сами да патуваат. Русите ги уништиле, ги земале и сијалиците, штекерите и тоалетите. Ќе му го покажеме на светот рускиот варваризам кон бродовите“, кажа тој.

Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги дочека бродовите во пристаништето Очакив во јужниот дел на покраината Миколајив.

Русија на почетокот на септември ги пушти на слобода 24 члена на екипажите во рамки на размената на заробеници со Украина.

Бродовите беа пуштени пред мировниот самит за источна Украина, кој ќе се одржи во Париз на 9 декември, а на кој ќе учествуваат лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе