Украинците полесно ќе се бранат по падот на Луганск, велат британските разузнавачи

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.

Фото: ЕПА

Во новиот извештај, разузнавачите наведуваат дека руските сили го освоиле Лисичанск „релативно брзо“ и на тој начин ја прошириле својата контрола „практично на целата територија на регионот Луганск“.

За разлика од претходните фази на војната, Русија, според разузнавачите, „веројатно постигнала ефективна координација меѓу најмалку две свои единици“.

Во меѓувреме, украинските сили во голема мера од Лисичанск се повлекле „во согласност со постоечките планови“ и „на организиран начин“, се вели во извештајот.

„Постои реална веројатност дека украинските сили сега ќе можат да се повлечат на полесно одбранливи позиции, поставени во права линија на фронтот“, велат разузнавачите.

Борбите во Донбас досега се карактеризираа со „бавен руски напредок и честа употреба на артилерија“, велат британските разузнавачи и додаваат: „Борбите во Доњецк речиси сигурно ќе продолжат на истиот начин“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе