Украинците панично навалија во продавници, банки и бензински пумпи (ФОТО)

Крвопролевањето на Плоштадот на независноста и гласините дека најлошото допрва ќе дојде предизвикаа паника кај Украинците - многумина бегаат од земјата, а оние што останале ги празнат полиците во продавниците, се редат во редици за бензин и вадат големи суми пари од банките.

Во повеќето украински градови владее предвоено расположение, а луѓето, плашејќи се дека земјата сè подлабоко тоне во економска парализа, се обидуваат да купат најмногу од основната храна и стоки што можат. Плашејќи се од стампеда, некои продавници во Киев почнаа да го ограничуваат бројот на купувачите што може да влезат во исто време во продавницата.

Социјалните медиуми се преполни со слики од преполни продавници.

Во Киев се случува масовен егзодус. Бројот на оние што ја напуштиле земјата овој четврток наводно е двојно поголем од претходниот четврток. Повеќето луѓе се упатуваат кон Одеса, Симферопол и Харков, украинските градови што ѝ се лојални на владата и се помалку погодени од криза, вели онлајн-туристичката агенција Ертикет УА, пренесува Киев тајмс.

„Поради нестабилноста во Украина морав да ги отпуштам моите вработени, да го напуштам Киев и да отидам во Москва со моето семејство“, рекол еден украински претприемач за руска Газета.

Она што ја влошува ситуација е фактот дека многу продавници престанале да прифаќаат кредитни картички, што создава плодна почва за шпекулации.

„Утре ќе ги замрзнат сите сметки, сите вадат пари, луѓето се тепаат во банките“, напишал еден корисник на Инстаграм.

Банкарските експерти ги отфрлаат овие гласини како апсурдни, но луѓето не слушаат, претпочитајќи да ги извадат парите во кеш, за секој случај.

На хаосот во продавниците и банките му се придружува и оној на бензинските пумпи. Со километри долги редици автомобили може да се видат како чекаат за гориво, поради гласините за недостиг од гас. Огромниот скок во побарувачката за гас веднаш доведе до зголемување на неговата цена.

Додека низ цела Украина се шири паника, таа е најлоша во Киев, каде што жестоките борби продолжуваат. Има информации дека се ограбуваат продавниците во центарот.

Жителите на украинскиот главен град во меѓувреме почнаа да формираат бригади за самоодбрана, кои патролираат околу нивните сопствени куќи.

„Низ Киев шетаат криминалци, ние мора да ги браниме нашите населби“, вели Никита, активист од населбата Дњепровски во главниот град, за украинското онлајн-списание Вести.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе