Температури под нулата, улиците замрзнати

Украинците без струја и вода во време на сѐ поголем студ (ФОТО+ВИДЕО)

Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки против Русија поради нејзините напади врз цивилната инфраструктура, а рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети насочени кон руските ракети.

Фото: ЕПА

Температури под нулата, улиците замрзнати

Температурата во текот на ноќта се спушти под нула Целзиусови степени во градот што пред војната имаше 2,8 милиони жители и каде што веќе паѓа снег, а улиците се замрзнати. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека електричарите и мајсторите прават сè за да ја вратат електричната енергија „што е можно побрзо", но закрепнувањето во голема мера ќе зависи од целокупниот енергетски биланс на националната мрежа.

Водоснабдувањето е обновено на левиот брег на Киев и делумно на десниот брег, но 70 отсто од жителите на главниот град на Украина утринава останаа без струја, објави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Инженерите и експертите на Киевводоканал работеа цела ноќ за да го вратат животот во главниот град. Водоснабдувањето е веќе обновено на левиот брег на градот. Од десната страна планираме да го обновиме во првата половина од денот. Сепак, 70 отсто од градот и натаму остануваат без струја“, рече Кличко.

Фото: ЕПА

Како што јави украинска Правда, жителите на Киев јавуваат дека на десниот брег има струја и вода, но нема греење.

Ова е најголемиот прекин на струја во Киев од почетокот на војната, еден ден откако Русија изврши ракетни напади врз украинската престолнина.

Кирил Тимошенко, заменик-началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, изјави дека снабдувањето со електрична енергија е обновено во регионите Кировоград и Виница. На југ, гувернерот на областа Миколаев Виталиј Ким апелираше до Украинците да бидат што е можно поштедливи во користењето на енергијата.

„Потрошувачката утрово расте (што е и логично), нема доволно капацитет во системот за да го вклучиме за повеќе потрошувачи“, напиша тој на Телеграм, апелирајќи до жителите да штедат струја.

Фото: Твитер

Во источна Украина продолжуваат жестоките борби

Жестоките борби продолжуваат во источна Украина, каде што Русија ја предводи офанзивата на фронтот западно од градот Доњецк, кој е под контрола на проруските сили, пренесува Ројтерс.

Украинската армија објави дека руските сили повторно се обидуваат да постигнат напредок во тој регион и гранатираат одредени места.

Како што се додава, присутни се и многу чеченски борци.

Зеленски ги повика ОН да ја казнат Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да преземе акција против Русија за нападите врз цивилната инфраструктура, кои повторно ги оставија украинските градови без струја и вода во време на сѐ поголем студ.

Русија ги погоди градовите низ Украина со канонада од ракетни истрели, при што загинаа десет луѓе, принудувајќи ги властите да ги затворат нуклеарните централи и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и вода на многу места.

„Само денес, во еден ден бевме погодени од 70 ракети. Тоа е руската формула за терор. И нашата енергетска инфраструктура, болници, училишта, транспорт, населби, сè беше таргетирано“, рече Зеленски во видеообраќањето до Советот за безбедност.

Украина очекува „многу остра реакција“ од светот на воздушните напади, додаде тој.

Советот веројатно нема да преземе никаква акција, бидејќи Русија е членка со право на вето.

Киев беше една од главните цели во средата. „Денеска беа погодени три катни згради. За жал, десет лица загинаа“, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Целиот регион Киев, дом на три милиони луѓе, остана без струја и вода, изјави гувернерот.

Поголем дел од Украина ги имаше истите проблеми, а некои области воведоа рестрикции за да се зачуваат енергетските резерви.

Русија: Штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја се пожали дека видеообраќањето на Зеленски не е во согласност со правилата на Советот и ги отфрли „непромислените закани и ултиматуми“ на Украина и нејзините западни сојузници.

Небензја рече дека штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети насочени кон руските ракети и го повика Западот да престане да го вооружува Киев со противвоздушни системи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе