„Кој го контролира Змискиот Остров, може во кој било момент да го блокира движењето на цивилните бродови во сите насоки на југот на Украина“, кажа Буданов.
Во последните денови, како што потврдија и украинската и руската страна, се водат жестоки борби за Змискиот Остров. Токму тој остров би можел да стане клучен за контролата над западниот дел на Црно Море.
Украинците неодамна објавија дека нивните сили погодиле руски хеликоптер на островот, наводно во момент кога од него се истоварувале војници.