Украина за првпат призна дека ги ракетирала руските бази на Крим

Главниот командант на украинската војска Валериј Залужни денес првпат призна дека украинските сили во август извршиле ракетни напади на руските бази на Крим и се закани дека ќе продолжат да го прават тоа.

EPA-EFE

„Украина успешно изведе ракетни напади на непријателски воени бази, поточно воздухопловната база Саки“, напиша во текст кој го објави украинската државна агенција Укринформ.

Во тој напад загина едно лице, а повеќе беа повредени. Уништена беше муниција за воени авиони. Киев досега официјално не ја призна одговорноста за нападот ниту за вториот чија мета неколку дена подоцна беше магацин за муниција на северот на Крим.

Залужни повторно побара од Западот да ѝ испрати на Украина уште оружје со долг дострел. Руските крстосувачки проектили имаат дострел од 2.000 километри, а украинските ракети не повеќе од 100 километри, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе