Украина: Воените делфини што биле заробени од страна на Русија штрајкувале со глад

„Украина има тајна програма за дресирање на морските цицачи за вршење воени задачи и војска делфини во центарот на Крим, или барем имала“, пишува Гардијан.

По припојувањето на Крим од страна на Русија во 2014 година, биле фатени украинските воени делфини. Државата барала нивно враќање, но руските сили тоа го одбиле. Некои сметале дека Русите имале намера повторно да ги издресираат делфините како руски војници, а руската агенција РИА Новости цитирала извор кој навел дека „експертите развиваат нови технологии за поефикасно користење на делфините“, пишува Гардијан.

Четири години подоцна, се чини дека Русите не го спровеле својот наводен план, а повеќето делфини умреле. Борис Бабин, претставник на украинската влада на Крим, оваа недела изјави дека „делфините умреле на патриотски начин, бранејќи ја својата земја“. Тој рече дека „тие одбиле да ги слушаат наредбите на руските окупатори и да ја јадат нивната храна, а штрајкот со глад довел до нивна смрт“.

Бабин за украинскиот весник Обозревател изјавил дека делфините се „достојни за почит повеќе од човечките војници“: „Дресираните животни не само што одбиле интеракција со руските тренери, тука ја одбиле и нивната храна. Многу украински војници многу понесериозно ја разбираат својата заклетва и верност.“

Други ги негираат овие наводи и ја обвинуваат Украина за лошо постапување со делфините. Украинскиот политичар Владимир Олеиник изјави дека се работи за пропаганда против Москва и гласини. Рускиот застапник Дмитриј Белик изјави дека „сите делфини кои служеле во поморските сили на Украина биле продадени или умреле од природни причини пред 2014 година“.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе