„Во местата Херсон и Енергодар, во прецизни напади од нашите групи беа уништени три непријателски артилериски системи, како и складиште за оружје“, се наведува во вечерниот извештај на украинската армија.
Украинската армија соопшти и дека руските војници ја евакуирале целата своја воена опрема од местото на централата пред пристигнувањето на мисијата на ИАЕА, чии неколку членови останале во централата.
Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат дека извршиле напади врз централата што може да предизвикаат нуклеарна катастрофа.
Украинските власти вчераутро пред пристигнувањето на мисијата на ИАЕА ги обвинија Русите дека го гранатирале Енергодар со намера вината да ја префрлат на Киев. Во исто време, руската армија ги обвини Украинците дека испратиле тим од „саботери“ да ја заземат нуклеарната централа.