Го исполнува барањето на Трамп

Украина сепак ќе го преиспитува случајот на синот на Бајден

Главниот обвинител на Украина најави дека ќе преиспита неколку важни случаи кои ги воделе неговите претходници, вклучувајќи го и случајот кој се водел против сопственикот на гасната компанија во која бил вработен синот на Џозеф Бајден.

Најавата за преиспитување на неколку истраги следи по отворањето на процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, токму поради наводното злоупотребување на службената позиција и условувањето на воената помош со отворањето истрага против синот на Бајден.

Главниот обвинител на Украина, Русла Рјабошапка кажа дека има намера да преиспита вкупно 15 случаи, вклучувајќи го и најпознатиот случај на гасната компанија Бурисма холдинг во чиј управен одбор до неодамна седеше синот на Бајден, Хантер.

Останува, меѓутоа, нејасно колку ќе трае најавената процедура.

„Клучните зборови во овој процес не се ни Бурисма ни Бајден“, кажа украинскиот обвинител.

Украински Униан наведува дека истрагата се водела за наводно перење на 33 милиони долари во комплицираното припојување на една компанија кон холдингот Бурисма во чиј управен одбор бил и Хантер Бајден. Меѓу имињата кои се спомнувале за време на истрагата е и Микола Злочевски, бизнисмен и поранешен министер за екологија.

Њујорк тајмс наведува дека украинските власти со месеци балансираат меѓу Трамп и демократите, испраќајќи сигнали до американскиот претседател дека ќе го истражат случајот, додека истовремено им порачуваат на демократите дека нема да подлегнат на притисокот на американскиот претседател.

Токму поради тоа украинскиот обвинител јасно истакна дека во врска со преиспитувањето на овие случаи „не одговарал на никакви телефонски повици“, но дека ако се покаже дека некој ги кршел законите правовремено ќе реагира.

Со почнувањето на процесот за отповикување, демократите во САД се обидуваат да докажат дека Трамп ја злоупотребил службената позиција и де факто ја уценил Украина да отвори истрага против Хантер Бајден доколку сака продолжување на воената помош.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе