Украина се заканува дека ќе изгради ѕид кон регионите окупирани од Русија

Близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ја огради останатата територија од окупирани области доколку Русија на самитот на Нормандиската четворка во Париз следната недела не се согласи на прекин на огнот и размена на заробениците.

Ако Русија не се согласи на договор, „во тој случај ќе изградиме ѕид и животот ќе оди понатаму“, изјави Андриј Јермак на форум во Лондон.

„За жал, ќе мора да живееме во замрзнат конфликт“, додаде тој.

Лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија ќе се сретнат во понеделник за прв пат по повеќе од три години за да се обидат да го завршат конфликтот на истокот на Украина меѓу проруските бунтовници и украинската војска, кој досега однесе над 13.000 животи.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе