Украина: Русите се повлекуваат од Харков

Украинската армија во своето секојдневно обраќање соопшти дека руските трупи се фокусирани на повлекување од Харков.

Фото: ЕПА

„Напорите се насочени кон одржување на окупираните позиции и патишта за снабдување. Главната цел е да се воспостави целосна контрола врз регионите Доњецк, Луганск и Керсон и да се обезбеди стабилност на копнениот коридор со привремено окупираниот украински Крим“, соопштија вооружените сили.

Британскиот институт за војна исто така објави дека Украина „веројатно ја добила битката“ за Харков.

Би-би-си пишува дека Русија се откажала од обидот да го опколи тој североисточен град, кој уште се нарекува и град тврдина. Тоа беше главната стратешка цел на руските сили од почетокот на инвазијата. Но, повеќе од два месеци по почетокот на војната не само што не беше освоена туку руските сили, според американскиот тинк-тенк целосно се откажаа од таа цел.

Се верува дека украинската војска ги турнала руските сили назад до границата.

Но, ова не е целосно повлекување како што беше случајот со главниот град Киев. Ова е важен момент од војната, а не пресвртница, велат аналитичарите. Украина вели дека напорите на Москва во областа сега се фокусирани на повлекување на војниците од градот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе