Оваа информација доаѓа во време кога руските сили се повлекуваат во западниот дел на регионот Херсон пред очекуваната украинска контраофанзива, чија цел е ослободување на главниот град на регионот, кој воедно е и најголемиот град окупиран од Русите од почетокот на војната.
Според извештајот на владиниот Центар за национален отпор, руските сили почнале да ја демонтираат комуникациската опрема во локалниот ТВ центар.
„Русите планираат да го остават градот целосно без комуникации, телевизија и радио“, се наведува во извештајот.
„На овој начин Русите ќе се обидат целосно да го изолираат Херсон информативно за да го оневозможат движењето на отпорот да пренесува информации до вооружените сили на Украина за време на контраофанзивата“, велат од центарот на украинската влада.