Украина: Русите ги гаѓаа Одеса и Миколаев, има мртви и ранети

Околу 11 проектили беа истрелани синоќа кон Миколаев, соопштија украинските власти. Виталиј Ким, шеф на регионалната воена администрација на јужноукраинскиот град Миколаев, вели дека некои од проектилите биле соборени од противвоздушната одбрана.

Фото: ЕПА

Три лица загинале во ракетен напад врз Очакев, крајбрежен град југозападно од Миколаев. Меѓу загинатите е и шестгодишно девојче, рече Ким. Повредени се шест лица.

Наталија Хуменук, портпаролка на вооружените сили во јужна Украина, изјави дека засега нема информации за жртви во нападите на Миколаев.

Русите истрелаа ракети КХ-22 на Одеса, рече Хуменук. Станува збор за ист тип ракета како оние што вчера го погодија трговскиот центар Кременчук. 

„Тоа се ракети од стар тип, а нивното наведување е целосно неточно, имаат широк дострел. Веројатно затоа се случи таков апсолутно нелогичен удар во приватни куќи во Одеса“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе