„Русија нема право на глас кога станува збор за пристапот на Украина во НАТО“, изјави Кулеба за порталот РБЦ-Украина пред состанокот НАТО-Русија во Брисел.
„Западот нема да се согласи да ѝ даде на Русија правни гаранции дека Алијансата нема да се шири на исток бидејќи тоа би бил нејзин стратешки неуспех“, додаде тој. Тој ја обвини Русија дека иницира преговори за максимално да ги зголеми улогите, нагласувајќи ги барањата кои беа неприфатливи од самиот почеток.
Обвинета дека подготовува напад врз Украина, Москва одговори дека распоредила големи воени сили во близина на украинската граница поради зголеменото и непријателско присуство на НАТО во областите кои Москва ги смета за руски зони на влијание.
Американците и Европејците се подготвени да разговараат со Русите за да се најде решение за излез од тензичната ситуација и да се избегне нов вооружен конфликт.
За Украина, какви било разговори за безбедносните гаранции во евроатлантскиот простор мора да започнат со руската деескалација на безбедносната ситуација во близина на украинската граница, нагласи Кулеба.
„Безбедноста на евроатлантскиот простор е невозможна додека Украина е во опасност“, заклучи тој.