Украина: Русија бесрамно ги киднапира нашите деца

Украина се обрати до ОН и ги замоли да овозможат враќање на украинските деца кои, како што се вели, „нелегално биле депортирани од Украина".

Фото: ЕПА

„Бесрамна закана е дека украинските деца ќе бидат незаконски посвоени од руски граѓани, без оглед на сите неопходни процедури предвидени со законите во Украина“, се вели во писмото до ОН.

„Русија го крши меѓународното хуманитарно право и основните стандарди на хуманост. Руската држава организира киднапирање на украински деца и уништување на иднината на украинската нација“, се вели во писмото.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Украинските власти во повеќе наврати предупредуваа дека Москва насилно депортира илјадници граѓани од опколениот и разурнат Мариупол во Русија. Кремљ ги негира обвинувањата и тврди дека Киев ги блокирал обидите за евакуација на цивили.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе