Украина: Повлекувањето на руската војска е само декларативно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Русија го задржала масовното воено присуство во близина на границите на неговата земја и дека руското повлекување на трупите е само на зборови.

EPA-EFE

Зборувајќи на состанок со група американски сенатори во Киев, Зеленски ја обвини Москва дека повлекла само мал дел од силите кои ги концентрираше во близина на Украина во април, пренесува Асошиејтед прес.

Тој наведе дека Русија досега повлекла околу 10.000 војници, што е само дел од 100.000 војници за кои украинските власти тврдеа дека се распоредени.

„Повлекувањето на руските сили е само декларативно“, истакна Зеленски.

Руската војска најави повлекување на своите трупи по завршувањето на воените вежби на крајот на април, но потоа на војниците им беше наредено да распоредат оружје на југозападот на Русија во близина на Украина за уште една голема воена вежба закажана за септември.

Москва порача и дека најавената заедничка воена вежба на НАТО и Украина ги одразува агресивните намери на воениот пак и им дава поттик на силите во Украина кои заговараат тензии со Русија.

Руското министерство за одбрана соопшти дека руската војска внимателно ќе ја надгледува заедничката воена вежба Морско ветре која треба да се спроведе во јуни и јули.

НАТО под изговор на воената вежба повторно ќе ја снабди Украина со современо вооружување за потребите на конфликтот во Донбас, изјави портпаролот на министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

Американските сенатори кои се сретнаа со украинскиот претседател потврдија дека се разговарало за воена помош на Украина, за зголемување на нејзините одбранбени можности.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе