Украина: Потезите на САД за Северен тек ја намалуваат довербата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека неодамнешните одлуки, кои ги донесоа американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација, можат да го намалат нивото на доверба кое неговата земја го има во САД.

EPA-EFE

Порталот Аксиос го цитира украинскиот претседател кој кажа дека не е сигурен колку неодамнешните потези на американската администрација, околу изградбата на гасоводот Северен тек 2, би можеле да влијаат врз намалувањето на довербата во непоколебливата поддршка која Украина ја има од Вашингтон.

Зеленски претходно го изрази своето несогласување со американскиот потег за повлекување на санкциите против градежната компанија на руско-германскиот гасовод Северен тек 2.

Северен тек 2 е меѓународен проект за изградба на гасовод под Балтичкото море од рускиот брег до Германија, со што се заобиколуваат Украина, Белорусија, Полска и други транзитни источноевропски и балтички земји.

Новиот гасовод долг 1.230 километри, кој оди по слична траса како и Северен тек, минува низ економските зони и територијалните води на пет земји – Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе