Украина од последниот попис на населението загуби 11 милиони луѓе

Украина поради миграција, анексијата на Крим и војната на исток изгуби повеќе од 11 милиони жители од последниот попис населението во 2001 година, според проценките кои денес ги објави владата.

Според истражувањето на владата, околу 37,3 милиони луѓе живеат на териториите кои ги контролира Киев и кои не го вклучуваат Крим или зоните под контрола на сепаратистите, наведе министерот на Кабинетот министри, Дмитро Дубилет.

„За жал, податоците не ги вклучуваат лицата кои трајно живеат во странство и во окупираните територии. Ова е број на лицата кои физички се наоѓаат во Украина“, прецизираше тој.

Од тој број, 20 милиони се жени и нешто повеќе од 17 милиони се мажи, според извештајот што го претстави Дубилет.

Последниот официјален попис на населението бил спроведен во 2001 година, кога во тоа време во таа поранешна советска република биле попишани 48,5 милиони жители.

Покрај загубата на неколку региони, ваквото големо намалување на населението се објаснува со миграцијата на Украинците, објави директорот на Центарот за економска стратегија во Киев Глиб Вишлински.

Според истражувањето на центарот, од 2001 година околу 6,3 милиони Украинци ја напуштиле татковината, изјави тој и предупреди на падот на наталитетот.

Според студијата, Украинците најчесто мигрираат во Полска и во Русија.

Во март 2014 година, Русија го анектираше Крим, кој во тоа време имал околу два милиони жители. Неколку недели подоцна, избувна вооружен конфликт со проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, кои имале околу шест милиони жители.

Дел од овие територии сè уште се под контрола на сепаратистите, но многу жители се иселиле - некои во другите региони, околу 1,5 милиони и други во странство.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе