На снимката се гледа како украинските војници истрелуваат проектили од системот ХИМАРС, кои истовремено можат да лансираат повеќе прецизно наведувани проектили.
„Борбеното дело на ХИМАРС. Во правец на Запорожје. Убав, брз, прецизен“, се вели во извештајот.
Оружјето е понапредно од оние што претходно ги користеше Украина и имаат поголем дострел и прецизност.
На 23 јуни министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, рече дека системите ХИМАРС од САД веќе пристигнале во Украина.
На 25 јуни, врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни изјави дека повеќекратните ракетни системи за лансирање М142 ХИМАРС веќе ја бранат Украина. ХИМАРС може да лансира една ракета АТАКМС (армиски тактички ракетен систем) со дострел од 300 км или шест проектили со дострел до 70 км.
Легенда под Главна слика
Фото: ЕПА