Украина: Најдовме масовна гробница со 440 тела во Изјум

Украинските власти велат дека пронашле масовна гробница со 440 тела во североисточниот град Изјум, кој беше одземен од руските сили пред неколку дена, соопштија властите, вклучително и некои луѓе загинати во гранатирање и воздушни напади, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Агенцијата соопшти дека илјадници руски војници избегале од Изјум минатиот викенд, откако го зазеле градот и го користеле како логистички центар во регионот Харков.

Зад себе оставиле големо количество муниција и опрема.

„Во Изјум се откриваат масовни гробници по ослободувањето (од Русите), а најголемата гробница има 440 необележани гроба“, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер.

Серхиј Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков, изјави за Скај њуз: „Некои биле убиени од артилериски оган... некои од воздушни напади“.

Ројтерс вели дека не може веднаш да ги потврди украинските извештаи, а од Русија нема коментар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го посети Изјум во средата, го спореди откритието со наводните воени злосторства извршени од руските сили врз цивили во Буча, на периферијата на главниот град Киев, во раните фази на војната.

„Русија насекаде зад себе остава смрт и мора да одговара“, рече Зеленски во видеообраќањето доцна во четвртокот.

Русија негираше дека гаѓала цивили или дека извршила воени злосторства.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе