Украина најде начин да го блокира Северен тек 2

Украински Нафтогаз аплицирал за учество во постапката за издавање сертификати на операторот на гасоводот Северен тек 2, соопшти генералниот директор на компанијата Јуриј Витренко.

EPA-EFE

„Поднесовме пријава за учество во сертификацијата на операторот на Северен тек 2“, кажа Витренко на брифинг за новинарите, додавајќи дека компанијата аплицирала за да докаже дека овој гасовод не може да добие дозвола за работа.

Тој наведе дека „главниот став на Нафтогаз е дека Северен тек 2 не може да биде сертифициран бидејќи не е обезбедена негова целосна усогласеност со европското законодавство“, пренесува руската агенција ТАСС.

Витренко очекува пријавата на Нафтогаз за учество во постапката за сертификација да биде одобрена.

„Германија мора да ја вклучи Украина во процесот на сертификација“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе