Се наведува дека две руски ракети погодиле станица во градот Краматорск, која се користи за евакуација на цивили од областите што се бомбардирани од руските сили.
„Две ракети ја погодија железничката станица Краматорск“, се вели во соопштението на Украински железници.
Подоцна се додава: „Според оперативните податоци, повеќе од 30 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се ранети во ракетниот напад на железничката станица Краматорск“.
Ројтерс не можел да ја потврди информацијата. Русија не ги коментираше веднаш извештаите за нападот и бројот на жртвите. Москва негира дека гаѓа цивили откако ја нападна Украина на 24 февруари.
Павло Кириленко, гувернер на регионот Доњецк, изјави дека илјадници луѓе биле на станицата во моментот кога погодиле ракетите.
„Рушистите“ („руските фашисти“) многу добро знаеја каде гаѓаат и што сакаат: сакаа да посеат паника и страв, сакаа да погодат што е можно повеќе цивили“, рече тој.
Кириленко објави фотографија на интернет на која се гледаат неколку тела на земја покрај купишта куфери и друг багаж. Покрај нив стои вооружена полиција во панцири.
⚡️Russian attack of Kramatorsk train station kills 30 people, injures over 100.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 8, 2022
Thousands were at the station at the time of the missile strike, as locals are being evacuated ahead of the escalation in the east.
Source: Donetsk Oblast Governor Pavlo Kyrylenko, Ukrzaliznytsia. pic.twitter.com/csoIgU3ad9
Три воза со евакуирани лица беа блокирани во истиот регион на Украина во четвртокот по воздушен напад, изјави шефот на Украинските железници.
Украинските власти велат дека руските сили се прегрупираат за нова офанзива и дека Москва планира да заземе колку што може повеќе територија во источниот дел на Украина, познат како Донбас, кој граничи со Русија.
Локалните власти во некои области ги повикаа цивилите да заминат додека тоа е сè уште можно и релативно безбедно.
Видеото е вознемирувачко: