„Денес, во 6:41 и 6:46, две непријателски крстаречки ракети прелетаа на мали височини над нуклеарната централа Запорожје во насока на градот Запорожје“, се вели во соопштението. „Подоцна во Запорожје се потврдени експлозии предизвикани од руските крстаречки ракети“, се додава.
„Рускиот нуклеарен тероризам е во пораст, а заканата станува сè полоша. Русија го изложи целиот свет на опасности од нова нуклеарна катастрофа, 36 години по трагедијата во Чернобил“, предупредија тие.
Запорожје е најголемата европска нуклеарна електрана, која руската војска ја окупираше ноќта на 4 март и сè уште е под нејзина контрола. Русите имаат тешка опрема и муниција во просториите на нуклеарната централа, откако фабриката буквално ја претворија во воена база, тврди Украина.