Украина ќе испраќа „волчји глутници“ против руската Црноморска флота (ВИДЕО)

Воената морнарица на Украина усвоила тактика наречена „волчја глутница“ која командата планира да ја користи против руската Црноморска флота, се тврди во репортажа на украинската телевизија ТСН.

„Суштината на тактиката е во истовремениот напад на неколку лесни оклопни бродови врз еден противник. „Волчјата глутница“ подразбира дека можеме шесткратно да се „фрлиме“ на голем противнички брод. Тој не може истовремено да ги следи сите мети и да ги гаѓа“, изјави командирот на еден од бродовите Александр Регула.

„Потребно е, според мене, постојано присуство на бродови со ракетно вооружување. Нашиот сосед се чувствува комфорно во северозападниот дел на Црното Море. Треба да се намали тој комфор“, изјави раководителот на Одделот на управата за борбена обука Јуриј Федаш.

Во репортажата командирите на оклопните бродови изразија спремност да ги нападнат руските гасни платформи во Црното Море, бидејќи руските радари, според нив, не можат да ја откријат формацијата „волчја глутница“.

Украинската флота има четири лесни оклопни брода од типот „гурза М“, произведени од фабриката Кузња на Рибаљском, која е во сопственост на украинскиот претседател Петро Порошенко. Претходно Министерството за одбрана на Украина објави конкурс за набавка на уште два слични брода. Локалните медиуми соопштија дека се пробиени роковите за испорака на тие бродови поради бројните грешки во конструкцијата.

Терминот „волчја глутница“ се користи за тактика во која подморници следат бродови, со цел да ја искористат бројчената предност. Ја користеа и германските и американските подморници во Втората светска војна.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе